Свет

Трет ден од израелското бомбардирање на Либан: Хезболах истрела 300 ракети врз Израел

Израелските министри со барање, Палестинците да се иселат од Газа. САД: Тоа е палестинска земја

Израелската војска утринава трет ден по ред бомбардира цели во Либан, предизвикувајќи илјадници луѓе да избегаат од југот на земјата, додека милитантната група Хезболах соопшти дека истрелал 300 ракети на израелска територија.

Советот за безбедност на ОН треба итно да се состане во среда, на барање на Франција, во обид да се избегне ескалација на конфликтот.

Југот на земјата беше погоден во израелските бомбардирања, јави либанската новинска агенција NNA.

Хезболах објави дека еден од воените водачи на движењето, Ибрахим Мохамед Кобеиси, е убиен во израелски бомбашки напад врз јужните предградија на главниот град.

Во исто време Хезболах денеска истрела околу 300 ракети на израелска територија.

Според израелски извори во тие напади биле ранети шест цивили и војници.

Според либанските власти, во израелските воздушни напади од понеделникот загинале 558 лица, од кои 50 деца и 94 жени, а 1.835 биле ранети.

На почеток