Научниците тврдат: Циклонот Борис донесе повеќе врнежи во Европа од кога било досега
Климатските промени направија обилните дождови како оние што предизвикаа разорни поплави во централна Европа двапати поверојатно овој месец, според извештајот во кој авторите ги повикуваат политичарите да дејствуваат за да се запре глобалното затоплување.
Во најголемата поплава што ја погоди Централна Европа во последните две децении, загинаа 24 лица, оштетени се згради, се урнаа мостови, а штетата се проценува на милијарди долари.
Извештајот на World Weather Attribution, меѓународна група научници кои ги проучуваат ефектите од климатските промени врз екстремните временски услови, покажа дека четирите дена врнежи од дожд што ги донесе бурата Борис биле најобилните досега забележани во централна Европа.
„Овие поплави ги истакнуваат разорните резултати од затоплувањето предизвикано од фосилните горива. Сè додека нафтата, гасот и јагленот не се заменат со обновливи извори на енергија, бурите како Борис ќе предизвикаат уште пообилни врнежи, предизвикувајќи поплави кои ја загрозуваат економијата“, рече Џојс Кимутаи, коавтор на студијата и истражувач во Институтот Грантам на Империал колеџ во Лондон.”, пренесува Index.hr.
Иако комбинацијата на временските шеми на бурата Борис – студениот воздух на Алпите и многу топол воздух над Медитеранот и Црното Море – е невообичаена, извештајот покажува дека климатските промени ги направија таквите бури поинтензивни и поверојатни.