Свет

(Фото/Видео) Дунав го достигна својот врв: Предупредувањата се уште се на сила

Нивото на Дунав во Унгарија го достигна својот врв во Унгарија и нивото на водата сега опаѓа, но предупредувањата за поплави ќе останат на сила до сабота попладне, изјави денеска претставник на унгарското Министерство за внатрешни работи.

„Нивото на водата се намалува долж целиот водотек, но операциите за одбрана од поплави сè уште се спроведуваат на 29 локации под надзор на државата, како и на уште 41 локација под надзор на локалните власти“, изјави државниот секретар во парламентот Бенс Ретвари на прес-конференција по состанокот на оперативното тело задолжено за заштита од поплави, пренесува агенцијата МТИ.

Тој додаде дека по поплавите се врши дезинфекција на сите локации според деталните упатства испратени до локалните власти од Националниот центар за јавно здравје.

Циклонот Борис во последните денови донесе обилни дождови и поплави во Централна Европа, во кои загинаа 24 лица.

На почеток