(Видео) Швајцарија ги евакуира туристите со хеликоптери по невремето и лизгањето на земјиштето
Власта во швајцарската област Састал, која е отсечена од патниот сообраќај поради невремето и лизгањето на земјиштето, денеска понудија евакуација на туристите со хеликоптер.
Околу 2.200 туристи се блокирани во Састал, повеќето од нив Швајцарци, изјави портпаролот на регионалниот кризен тим. Не брзаат сите да си заминат, рече тој.
AirZermatt to the rescue #airzermatt #saastal #saasfee pic.twitter.com/mwZ37O1g5A
— DDB (@DutchDrB) September 6, 2024
Туристите можат да летаат со хеликоптер, што трае само неколку минути од Саас-Фи до Сталден, за околу 150 евра.
Патот до котлината вчера по обилните врнежи во еден момент беше затрупан, а најрано од недела се очекува повторно да биде прооден.
Извидувачкиот лет покажа дека е неопходно да се минираат гломазни парчиња карпи над патот, некои и по 100 кубни метри.