Свет

(ВИДЕО) Снегот предизвика хаос во Германија и Австрија

Силните врнежи од снег предизвика хаос во сообраќајот во делови од Германија и Австрија, па властите мораа да затворат некои патишта, а и да откажат железнички и авио линии.

На аеродромот во Минхен, вториот најголем аеродром во Германија, откажани се 120 летови, а голем број од летовите се одложени додека не бидат исчистени пистите од снегот и додека не се стопи ледот од авионот.

Од австриската железница соопштуваат дека неколку линии се затворени поради опасност од лавина. Властите соопштуваат дека се затворени и неколку патишта, вклучувајќи го и патот до градот Бишофсхофен, кој треба да биде домаќин на овогодинешното натпреварување во ски скокови, бидејќи за само една ноќ паднале повеќе од 50 сантиметри снег.

Регионалните власти во Салцбурк изјавија дека постои можност од појава на лавини кои можат да направат проблеми на патиштата и железницата.

Австрискиот јавен сервис извести дека малото село во Тиролу е евакуирано поради можноста за појава на лавина предизвикана од силниот ветер.

Околу 600 жители и туристи се заробени во селото Селтакл поради блокираните патишта.

Метеоролозите предвидуваат големи врнежи од снег и во наредните денови особено на југот на Германија, Австрија и Швајцарија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток