Свет

Дачиќ: Не се очекува решение наредната година освен ако некој не ја притисне Приштина

Ако некој не ја притисне Приштина, нема да има ни дијалог, ни решение помеѓу Белград и Приштина, порачува Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

На прашањето дали се очекува некој вид решение во кој било формат во наредната година, Дачиќ вели дека не се очекува, освен „ако некој не ја притисне Приштина“.

Она што е добра работа, е тоа што сега може да се види каква е реалната слика и кој овде претставува проблем. Но, ниту овде не треба да се очекува од некои земји да ја менуваат политиката што ја имаа кон овој простор, вели Дачиќ.

Тој притоа потсетува дека новото раководство на американската администрација, на чело со претседателот Доналд Трамп, има желба да го реши ова прашање.

– Некој претходен претседател би напишал писмо на Вучиќ во кое би му порачал дека мора да го признае Косово и да го реши проблемот. Но, Трамп напиша дека треба да се дојде до решение кое е во интерес и на Србите и на Албанците и тоа е таа голема промена, вели Дачиќ.

На прашањето на чија поддршка се надева Приштина кога цврсто се држи до ставот да не ги повлече таксите на српската стока, што е услов на Србија за продолжување на дијалогот, Дачиќ одговара дека тие сметаат на западни ментори, но се прашува кој во светот може да ги поддржи тие мерки и одбивањето воопшто да се дојде до компромис.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток