Свет

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во Полска, во која загинаа 5 девојчиња

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во куќа во Полска, каде се наоѓала играчницата „Ескејп рум“, во кој загинаа пет тинејџерки и повредено е едно момче, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила за време на прослава на роденден, која избувнал пожар во таканаречена „Ескејп рум“ просторија. Во пожарот загинаа 5 девојчиња на 15 годишна воздраст, а едно момче е хоспитализирано со тешки изгореници. Портпаролката на полицијата на Кошалин информира дека телата на девојчињата биле пронајдени откако пожарникарите успеале да го изгаснале пожарот.

По трагичниот настан, од денеска во Полска сите вакви центи за игри ќе подлежат на инспекциски контроли.

Полскиот претседател Анджеј Дуда на својот профил на Твитер изрази жалење за катастрофална трагедија во Кошалин. Екпертски тимови вршат детална истрага за причините за избувнување на пожарот, а во наредните денови ќе излезат со целосен извештај за трагедијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток