Македонија

„Предупредивме дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки“, вели Левица

Вечерва, владата на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ, вели Левица

„Министерот Спасовски очигледно го оствари своето сценарио дека ќе се случат радикални сцени – само за да апсат невини граѓани. Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност – само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници.

Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани денес маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт’, стои во објавата.

На почеток