Македонија

(ФОТО) Мицкоски со слика од пред Влада, а во коментарите: „Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите

Христијан Мицкоски објави фотографија од пред Владата. Тој напиша дека се наоѓа таму, а откако пред Собранието се случи хаос со над 30 повредени полицајци и до десетина уапсени лица.

„Вечерва пред владата. За македонцките работи…“, напиша Мицкоски алудирајќи на книгата од Крсте Петков-Мисирков.

Во коментари, доби и критики.

„Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите…“, „Непотребно рашетување, оди кај луѓето што ги приведоа по станиците. Доста сликања, аман“, се дел од нив.

Фотографијата на Мицкоски доаѓа по хаосот пред Собранието. Десетици млади лица завршија во полициски станици. Тие ќе треба да биде процесуирани. Најголем дел или речиси сите се уапсени поради фрлање со бектаонки, шипки, канти за отпадоци и други тврди предмети кон полицијата, а претходно кон Собранието.

На почеток