Свет

Москва тврди дека жителите на регионот Харков сакаат да заминат во Русија

Жителите на регионот Харков во Украина се подготвени да се приклучат на Русија, а Привремената цивилна администрација го поддржува тоа чувство, тврди шефот на Привремената цивилна управа на регионот Харков, Виталиј Ганчев во изјава за ТАС С.

„Нашата влада почнува да го сфаќа тоа откако беа забележани проруски тенденции“, рече Ганчев.

Според него, жителите на оваа област веќе во голем број прашуваат за добивање руско државјанство.

Претходно Ганчев објави дека околу 20 отсто од регионот Харков е под контрола на руските сили.

Како што наведе, ситуацијата во тоа подрачје и понатаму е тензична, бидејќи многу населени места често се гранатирани од украинската армија.

Тој додаде дека постои висок ризик од влегување и дејствување на диверзантските групи во регионот, но дека надлежните органи на руските власти работат на минимизирање на ризикот за цивилното население, јави ТАС С.

На почеток