Македонија

„Ова дете е маченик на нацијата, нож до коска е, не може да биде полошо“, вели Богојески

За честа се умира!!! Овој млад човек, ова сеуште дете е веќе МАЧЕНИК НА НАЦИЈАТА“, вели Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој се бори за честа на Македонија! Младите секогаш ги носат промените! Како што тврдев дека младите од шарените се борат за слободата, така тврдам дека денес младите се борат за честа!
Ова е битка за Македонија! Протестите се со цел да се одбрани честа на Македонија, а не за нечии лични политички кариери!

Мораме сите заедно да му ветиме на Оливер Обиџуко дека за кратко ќе и прави друштво на Гоца Брк во Идризово!

Нема разлика помеѓу убиеното дете Мартин Нешковски и ова младо дете, чие име сеуште не го знаеме!

Политиката на страна! Партиите на страна! Народот да се крене! Нож до коска е! Не може да биде полошо!

Почитувани граѓани, Скопје се бори веќе петти ден…

Каде сте другите Македонци?!? Каде сте Албанците во Тетово, Струга, Кичево да се кренете? Та нели Македонија е заедничка мајка на сите нас? Нели за граѓанска држава се бориме на сите граѓани?

Ајде сите граѓани заедно да ја одбраниме честа и европската иднина на Македонија

Можеме поинаку во ЕУ!
#можемепоинаку“, вели Богојески.

На почеток