Свет

Хрватскиот министер за финансии ја напушта Владата на Пленковиќ

Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ го известил премиерот Андреј Пленковиќ дека ја напушта Владата, јавуваат загрепските медиуми.

Според Index.hr, информацијата за неговата оставка официјално ќе биде објавена утре по владината седница.

ХРТ дознава дека кандидат за нов министер за финансии е Марко Приморац. Здравко Мариќ стана министер за финансии во 2016 година, а од 2019 година вицепремиер на Владата на Хрватска.

Претходно, од 2008 до 2012 година беше државен секретар во Министерството за финансии.

На почеток