Со песна од Бритни Спирс, Захарова ги коментираше условите на средбата меѓу Блинкен и Лавров


Марија Захарова во свој стил ги коментираше условите на средбата меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На нејзиниот канал на Телеграм, ја објави изјавата на Стејт департментот за условите на средбата меѓу државниот секретар на САД Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, со текст од песната на американската пејачка Бритни Спирс.
Претходно, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека Соединетите Американски Држави би сакале „руската страна да даде причина за организирање билатерална средба“ меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и САД, Сергеј Лавров и Ентони Блинкен, но дека сега не е вистинско време за тоа.
„Нед, оваа твоја изјава ме потсетува на зборовите од песната на Бритни Спирс „Baby One More Time““, напиша Захарова, цитирајќи неколку редови од песната. Во споменатиот дел од песната се пее „ме убива осаменоста“. И понатаму вели: „Кога не сум со тебе, полудувам, дај ми знак, направи го тоа уште еднаш“.
„Ќе одговорам со зборови од мојата песна „June song“: „Јуни помина, твојата моќ слабее, ќе одлетам од таа лага“, продолжи таа, цитирајќи зборови од нејзината песна на англиски јазик.
Захарова претходно објави дека таа за прв пат го напишала текстот на композицијата на англиски јазик, испеана од младата пејачка Људмила (Лјусија) Андреевна Чеботина.
