Маричиќ за гезмиња со бифтеци, печења, вина, ракии месечно трошел по една просечна македонска плата
Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис, објави „А1он“.
На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.
Само од податоците кои „А1он“ ги доби може да се заклучи дека за една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштавање. Сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што се направени во евра.