Коментари

„Што вика меѓународната, да го прифатиме предлогот бидејќи секое наредно пукање ќе биде попрецизно?“, жестоки реакции по инцидентот кај Мавровка

На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако дојде до судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот Скендербег.

Демонстрантите откако го минаа подвозникот пред трговскиот центар Мавровка и започнаа физичка пресметка со групата кај Скендербег при што користеа камења, стаклени шишиња и други тврди предмети Брзата реакција на полицијата ја спречи физичката пресметка. Две лица од групата кај Скендербег имаа и огнено оружје, при што еден од нив испукал неколку куршуми во воздух.
Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со овој настан. Бараат институциите веднаш да постапат.

 

На почеток