Македонија

Собранието го доби францускиот предлог: Материјалот ќе се достави до пратениците

Ве информираме дека од Владата на Република Северна Македонија до Собранието на Република Северна Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”. За ова информираше Кабинетот на Талат Џафери.

Тие додаваат:

„Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани.

Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“.

На почеток