Апасиев: Во Собранието ќе биде многу тензично, ќе се шверцува францускиот предлог


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во понеделник треба да се видат што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе, бидејќи никој не знае.
„Дали ќе донесеме одлука или заклучок некаков си, дали ќе им го врати на Влада, така што не знаеме што ќе прави Џафери.
Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично, кога ѓе се носи тоа. Според моите информации ќе се обидат да ја прескокнат комисиската расправа и ќе оди директно на пленарна што е противделовнички што значи повторно ќе се шверцува. Тогаш мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме ново предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство“, вели Апасиев
