Коментари

„Маричиќ нека им каже на децата што јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци на државна сметка“, вели Ландов

Новинарот Кристијан Ландов, на социјалните мрежи објави статус преку кој побара од вицепремиерот Бојан Маричиќ да им објасни на децата кои јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци, калифорниски риби и телешки мускули на државна сметка.

„Маричиќ не треба на Ландов да му кажува колку бифтеци изел со државни пари. Тоа веќе го знае и цела јавност. А тоа што не го знае, а е од јавен интерес, дополнително ќе биде презентирано.

Тој нека им каже на овие деца кои спијат на улица, јадат од контејнери, преживуваат и растат со просење по улица, како е да се јадат бифтеци и калифорниски риби, телешки мускули пиејќи високо квалитетни вина на државна сметка.

Претпочитам на нив да им објасни и како во ваквото однесување не гледа проблем. Па дури, ако јас се прашувам, ќе треба да им посочи и како е од државна сметка да се плаќаат и кафиња од 10 денари, салати од 20 денари во владиниот ресторан“, додава тој.

На почеток