Газдарица на скопско кафуле го правдаше пукачот кај Мавровка, па доби над 700 критики за локалот: “Им се истури кафето, го собраа и исцедија во филџанот”


Во јавноста се пршири статус за кој се тврди дека е напишан од сопственичка на познато скопско кафуле. Таа вели дека цуфи кока и ја разубавил вечерта. Инаку Цуфи Кока, за време на протестите пукаше во воздух кај споменикот на Скендербег.
„Цуфи Кока се дешава од … сега се потресовме?! Цуфи е насекаде, низ институции, полиција, кафиќи, дискотеки, болници, администрација, ама баш секаде! И да Цуфи ми ја направи вечерта зошто се надевав дека ќе ви кликне ама нееее.. пак очи меѓу себе а не на реалнот проблем. Ве дефокусираа ко слепи кокошки!“, стоеше во објавата на социјалните мрежи која потоа беше избришана.
Граѓаните револтирани од нејзината објава започнаа да оставаат лоши коментари за кафулето, па така рејтингот за само два дена од 5 ѕвездички спадна на 2,7.
