Словенија ќе ги отстранува жиците на границата со Хрватска


Словенечката Влада на средбата донесе одлука за покренување постапка за отстранување на жицата на границата со Хрватска, изјави министерот за внатрешни работи.
„Оградата на словенечко-хрватската граница е поставена како привремен инструмент“, рече таа и додаде дека отстранувањето на оградата се очекува во втората половина на следната недела, пренесува Н1.
Документот е доверлив, па не може да се зборува за детали. Но, таа рече дека отстранувањето на жиците ќе започне во наредните денови, а медиумите и јавноста ќе бидат известени. Отстранувањето ќе го изврши словенечката армија, а полицијата по отстранувањето ќе обезбеди заштита на националната граница.
Армијата проценува дека дневно може да се вадат до 200 метри жица, а се очекува отстранувањето да заврши за 150 работни дена.
Министерот рече дека најефикасната политика во областа на миграцијата е да се обезбеди легална, а со тоа и безбедна и уредна миграција.
