Свет

Ќе го посети ли папата Киев

Министерот за надворешни работи на Ватикан, надбискупот Пол Ричард Галагер не исклучи дека папата Франциско може да ја посети Украина во август.

„Папата е убеден дека ако може да ја посети, тоа би имало позитивни резултати. Тој рече дека ќе оди во Украина и секогаш покажувал желба да ја посети Москва, како и да се сретне со руските власти“, изјави Галагер за РАИ 1, пренесе агенцијата РИА Новости.

Запрашан дали може да оди во Киев по враќањето од Канада, каде што ќе престојува од 24 до 29 јули, Галагер рече дека верува оти Ватикан ќе ја разгледа таа опција по враќањето на папата.

На почеток