Свет

Најмалку 62 жртви на поплавите и свлечиштата во Пакистан

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе се повредени во поплави и свлечишта на југозападниот и северниот дел на Пакистан, соопштија локалните власти, јавува Анадолија.

Поплавите беа предизвикани од обилните монсунски дождови, а најтешко беа погодени југозападната провинција Балучистан и северниот регион Гилгит-Балтистан.

Во тие области, дождовите и поројните поплави однесоа мостови и куќи, предизвикаа лизгање на земјиштето и ги отсекоа градовите и селата од останатиот дел од земјата.

На почеток