Словенија донесе одлука: Истополовите партнери можат да посвојуваат деца
Уставниот суд на Словенија ги оцени за неуставни законските одредби според кои само лица од различен пол можат да имаат деца, што е дискриминација.
Според објавената пресуда на Уставниот суд, законодавецот доби рок од шест месеци да ја отстрани оваа неуставност, односно да ги измени законските одредби поврзани со оваа тема.
Според оваа одлука, брачна заедница се смета за животна заедница на две лица без разлика на полот, а истополовите партнери кои живеат во партнерство можат да посвојуваат деца под исти услови како и брачните парови од различен пол.
Беше најавено дека тоа не значи дека истополовите партнери ќе имаат „апсолутно право“ да посвојуваат дете во иднина, туку дека ќе им биде дозволено да бидат вклучени во листата на кандидати за посвојување, а изборот на најпогодни кандидати ќе продолжат да прават надлежните центри за социјална работа, рече таа.