Свет

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот во Пакистан, двајца загинати

Две лица загинаа, а најмалку осум се повредени по експлозија во близина на голем аеродром во Пакистан, соопштија официјални лица.

Полицијата и провинциската влада соопштија дека вчера експлодирала цистерна пред аеродромот во Карачи, најголемиот во Пакистан. Провинцискиот министер за внатрешни работи Зиа УИ Хасан изјави за локалната телевизија Гео њуз дека станува збор за напад чија цел биле странски државјани.

Одговорноста за експлозијата ја презеде пакистанската сепаратистичка милитантна група Ослободителна војска на Балуси (БЛА), според новинската агенција Ројтерс.

Групата соопшти дека мета биле кинески државјани и дека тоа било извршено со употреба на импровизирана експлозивна направа во возило.

На почеток