Масакр во Пакистан: Вооружени напаѓачи запреле неколку автобуси и камиони на автопатот и убиле најмалку 22 лица

Од
Објавено на

Вооружени напаѓачи убија најмалку 22 лица во југозападен Пакистан, на патот што ги поврзува регионите Пенџаб и Белучистан, соопштија денеска локалните власти.
„Најмалку 22 лица загинаа, а пет се повредени кога вооружени напаѓачи запреа неколку автобуси, камиони и комбиња на автопатот што ги поврзува Пенџаб и Балучистан“, изјави претставник на провинцијата Белуџистан, Наџибула Какар.
Оваа провинција, најголема и најсиромашна во земјата, е богата со природни ресурси.
Пакистанските безбедносни сили често се мета на бунтовниците кои бараат поголема автономија и контрола врз гасот и минералните ресурси на Балучистан.
