Свет

Трагедија во Пакистан: Загинаа најмалку 12 лица, најмногу деца

Најмалку 12 лица, претежно деца, загинаа во лизгање на земјиште во северозападен Пакистан.

Свлечиште предизвикано од силен монсунски дожд зафати куќа во оддалечен дел на северозападен Пакистан, соопшти денеска претставник на спасувачката служба.

Загинатите – маж, две жени и девет деца – биле членови на исто семејство кои спиеле во куќата кога се случила несреќата, пренесува АП.

Делови од Пакистан беа погодени од обилни дождови, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во неколку области.

Во Пакистан, од 1 јули досега, повеќе од 275 луѓе загинаа поради последиците од обилните дождови, јави АП.

На почеток