Маск се откажа од купување на Твитер, компанијата не прифаќа
Илон Маск конечно ги сфати „заканите“ што ги најавуваше и објави дека ја повлекува понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер.
Како причина за неговото повлекување ги наведе повеќекратните прекршувања на договорот за преземање.
Оваа објава става крај на долгата сага откако Маск, моментално најбогатиот човек на светот, реши да го купи Твитер во април.
Маск се повлече од договорот бидејќи компанијата не обезбеди доволно информации за бројот на ботови и лажни сметки.
Бизнис магнатот сега се соочува со отштета од 1 милијарда долари поради кршење на договорот и можна тужба за отпремнина.
Твитер објави поинаква порака
Претседателот на управниот одбор на компанијата Твитер, Брет Тејлор, во твит рече дека тие се уште се посветени на затворање на трансакцијата според условите што ги нуди Маск и планираат да продолжат со процесот преку правни средства. Исто така, додаде тој, тие се убедени во победа на суд.
The Twitter Board is committed to closing the transaction on the price and terms agreed upon with Mr. Musk and plans to pursue legal action to enforce the merger agreement. We are confident we will prevail in the Delaware Court of Chancery.
— Bret Taylor (@btaylor) July 8, 2022