Македонија

(Видео) Мицкоски јавно прифати внесување на Бугарите во Уставот

„Христијан Мицкоски со години ги лаже своите сопартијци и граѓаните глумејќи лажен патриот, и еднаш зборува едно, друг пат друго за односите со Бугарија“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

Тоа се потврдува и со контрадикторните изјави што Мицкоски ги дава.

Истиот тој Мицкоски велеше дека тој и ВМРО-ДПМНЕ јавно прифатија Бугарите да бидат застапени во Уставот, за денес тој да е прв противник на тоа.

Мицкоски заедно со неговиот партнер проруската Левица имаат само една цел, да наштетат на државните позиции и евроинтеграцијата, одработувајќи за туѓи интереси.

Тоа се фактите и тоа е вистината, се друго е лага и лицемерие на Мицкоски.

На почеток