Падна американски борбен авион
Од
Објавено на
Американскиот борбен авион F/A-18E/F Super Hornet се лизна од палубата на американскиот носач на авиони „Хари С.Труман“, соопшти денеска американската морнарица.
Според соопштението, инцидентот се случил во петокот на 8 јули поради ненадејно невреме во Средоземното Море.
Еден морнар е полесно повреден додека изведувал операции за време на неочекуваното невреме, но неговата состојба е стабилна и се очекува целосно закрепнување, се додава во соопштението.
Во тек е истрага за инцидентот.