(ВИДЕО) Прва изјава по спасувањето на 30-годишниот Иван, еден од Македонците кои беа исчезнати


Грчките медиуми на Халкидики успеаја да го снимат 30-годишниот Македонец кој од вчера попладне беше исчезнат во водите на Егејското Море.
Неговото име е Иван, овјави веб медиумот Вориа, а успеал да се спаси по 18 часа минати во разбрануваното море затоа што бил физички подготвен и смирен.
-Пливал методично и систематски и успевал да се одржи и да лебди на водата за да се одмора повремено. Му помогнало што е физички добро подготвен. Сега е во болница и нема посериозни проблеми, но е под стрес и е дехидриран, изјавиала Анастасија Чалки, градоначалничка на Халкидики.
На снимките се гледа дека Иван е добро расположен по животната драма која го снашла по прослава и на летен одмор.
Им одговара на новинарите дека е добро и со палецот им го покажува истото, а дури успева и да им се насмевне.
Потрагата по третиот исчезнат Македонец е во тек, а двајца се извлечени.
