Магазин

Опра Винфри ја потврди тажната вест: „Почина, додека бев во собата кога го зеде последниот здив“

Легендарната ТВ водителка Опра Винфри ја потврди смртта на нејзиниот татко, Вернон Винфри, на Инстаграм, набргу откако локалните медиуми од Нешвил објавија дека тој починал во петокот вечерта.

Тој почина на 88 години по долга битка со ракот. Водителката откри дека починал опкружен со семејството и дека бил сакан до последен ден.

„Помалку од недела, му оддадовме почит на татко ми во неговиот двор. Мојот пријател и госпел пејач Винтли Фипс го поздрави со песна. Чувствуваше љубов и уживаше, додека не можеше повеќе да зборува. Вчера, додека семејството го опкружуваше неговиот кревет, ја имав света чест да посведочам како човекот одговорен за мојот живот го зема последниот здив. Можевме да почувствуваме како мирот влегува во собата кога тој замина“, напиша Опра во прошталната порака.

На почеток