Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат е позитивен на коронавирусот
Од
Објавено на
Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, е позитивен на коронавирусот и има многу благи симптоми, изјави неговиот портпарол.
„Шумер е целосно вакциниран против корона вирусот и има многу благи симптоми“, рече портпаролот во изјавата, пренесе Ројтерс.
Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), лидерот на мнозинството во Сенатот оваа недела ќе биде во карантин и ќе работи од дома.