Свет

САД: Санкциите за руската нафта ја продлабочуваат светската криза

Американските функционери развиваат план за намалување на глобалните цени на нафтата кој никогаш досега не бил испробан, за да се спречи продлабочување на економската криза и недостиг на храна, пишува Њујорк Тајмс.

Тој план, како што се наведува, би бил во согласност со европските санкции и би овозможил одржување на испораките на руската сурова нафта на светските пазари по значително намалена цена.

Весникот наведува дека Белата куќа стравува дека новата серија европски санкции, чија цел е глобален прекин на протокот на руска нафта до крајот на годината, може да доведе до бројни скокови на цените на енергетските производи, што дополнително ќе ги загрози веќе оптоварените потрошувачи и ги туркаат САД и другите економии во светот во сериозна криза.

На почеток