Киев подготвува контранапад на Херсон
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика цивилите во областа Херсон, јужна Украина, под контрола на Русија, веднаш да се евакуираат додека украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.
„Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат“, објави Верешчук на националната телевизија во неделата и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.
Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“, пренесува Ројтерс.
Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.