Свет

Бројот на загинати во зградата во Часив Јар се искачи на 34

Бројот на загинати во катната зграда погодена од ракетен напад на руските сили на 9 јули во градот Часив Јар во областа Доњецк се зголеми на 34, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко.

Тој на Телеграм напиша дека спасувачите од урнатините извлекле девет повредени лица, а меѓу загинатите има и едно дете, пренесува Униан.

Кириленко изјави дека околу 70 отсто од урнатините се расчистени и дека акцијата за спасување продолжува.

На почеток