Абазовиќ: „Сите опции се на маса, ова нема врска со Основниот договор“
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ синоќа изјави дека сите опции се на маса доколку владата ја нема поддршката од мнозинството пратеници.
„Побаравме поддршка за Владата од 81 пратеник, ако има мнозинство – добро, ако не, сите опции се на маса, тоа ми е прифатливо, не правам врева, не го спомнувам терминот предавство. Ние имаме свои политички ставови, тврдам дека ова нема врскa со Основниот договор“, рече Абазовиќ.
Тој посочи дека смета дека Основниот договор е целосно во согласност со Уставот и законот.
На прашањето чија поддршка очекува во Собранието, Абазовиќ потсети дека вчера ја поздравил одлуката на ДПС да не ја поддржи Владата.
Тој потсети дека кога формирале малцинска влада побарале поддршка од сите, пренесува Побједа.
„Времето ќе покаже која е вистинската цел. Мислам дека проблемот е правдата, а правдата е најголемата европска агенда. Испорака на резултати во поглавјата 23 и 24“, нагласи Абазовиќ.
Ни требаше основниот договор, додаде тој, „за да се движиме кон 49 и 54 гласа во парламентот“.
„Како да се избере Судски совет без 49 или 54. Нека објаснат ДПС и Ранко Кривокапиќ како може без него, ако имаат некоја скриена агенда нека кажат. Се обидувам да ја турнам Црна Гора кон помирување. Ги затвораме црковните прашања“, додаде тој.