Македонија

Се уште се трага по Македонецот на Халкидики

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди, Халкидики.

Акцијата започна рано утрово со три пловни објекти и четири возила на крајбрежната страна, а според информациите од Грција, во текот на денот се очекува и пребарување со авион.

За разлика од вчера, условите за пребарување денеска се многу поповолни, што дополнително би ја олеснило потрагата.

Грчките спасувачки служби ќе користат и подводен дрон во потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Егејското море, објавија грчките медиуми.

Камерата на дронот има видливост до 100 метри длабочина во водата и во радиус од 30 метри.

На почеток