Скопје

Четири лица нападнале управител на отпад во Скопје

На 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот.

Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток