Македонија

Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ е заразен со корона

Пратеникот на ВМРО-ДПМНе Никола Мицевски, повторно е позитвен на ковид. Тој преку социјалните мрежи порача дека деновиве мораме да бидеме сплотени и најгласни.

„За жал, поради позитивен и потврден КОВИД 19, сакам да ја известам македонската јавност дека како и вчера, така и денес, на овој многу важен ден за иднината на Македонија, не бев присутен на пленарната седница во Собранието на Република Македонија.

За таа цел, до моите колеги пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, упатувам силна порака и безрезервна поддршка да истраат во намерата и борбата за заштита на македонскиот идентитет и историја бидејќи вистината и аргументите се на Наша страна

Деновиве мора да бидеме сплотени и најгласни. Деновиве мора сите заедно уште еднаш да кажеме „НЕ“ со надеж дека власта конечно ќе го слушне гласот на народот.

Токму народот веќе 10-тина дена гласно вели:

“НЕ“ за ревидирање на историјата и промена на Уставот !
„НЕ“ за бришење на македонскиот идентитет !
„НЕ“ за уцени и ултиматуми !
„НЕ“ за бугаризација !
„НЕ“ за обезличување и понижување !
Ова е гласот на народот и тој МОРА да се почитува!
Токму затоа, упатувам порака до пратениците од власта да застанат на страната на народот и да кажат „НЕ“ за овој понижувачки предлог. Деновиве треба да покажете дали сте вистински народни избраници или само партиски послушници !
Вие сте на потег!“, вели Мицевски.

На почеток