Македонија

Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.

Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.

И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.

„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!
Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!
Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!
Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

На почеток