Магазин

Хрватите ги „нападнаа“ Бекамови бидејќи ловеле животни од морето

Викторија Бекам во саботата на Инстаграм објави фотографии од семејниот одмор во Хрватска, па заработија критики за ежовите кои ги извадија од морето.

Модната креаторка сподели неколку фотографии и видеа како изгледал нивниот одмор во соседна Хрватска.

Еден од слатките снимки ја покажува нејзината 11-годишна ќерка Харпер Севен како се гушка со Дејвид на сонце.

„Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напиша Викторија во описот на објавата.

Пред Харпер и Дејвид имаше неколку морски ежови, а токму поради тоа многумина ја критикуваа славната двојка.

„Ова ќе живееше 100 години во Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови…“, стои во еден од коментарите.

На почеток