Македонија

(ВИДЕО) Хаос на границите низ Македонија, долги колони нервозни возачи

Гужви на граничните премини во земјава. На Табановце за влез во Македонија се чека и по еден час, а на Богородица, за излез од земјава се чека и до 30 минути.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 40 – 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.

Граѓаните се нервозни бидејќи ова е долгогодишен проблем за време на летните одмори, кој не е решен, иако се знае дека овие гранични премини ги користат и соседните држави.

На почеток