Британија денеска би можела да го има најтоплиот ден во историјата
Велика Британија денеска би можела да го има својот најтопол ден во историјата, а температурите се прогнозираат да достигнат 41 Целзиусов степен.
Метеоролошката служба издаде црвено предупредување за високи температури во многу делови на Англија, кои се протегаат од Јорк и Манчестер до Лондон и во југоисточниот дел на земјата, јавува Би-би-си.
Највисоката температура некогаш забележана во Британија била 38,7 степени Целзиусови, а била измерена во Ботаничката градина на Универзитетот во Кембриџ на 25 јули 2019 година.
Високи температури се предвидуваат и за остатокот од земјата, а Лондон би можел да биде едно од најжешките места во светот денес, со температури повисоки од оние во Западна Сахара и Карибите.
Се предвидува дека градот ќе биде потопол од Далија во Западна Сахара (24 степени), Насау на Бахамите (32 степени), Кингстон на Јамајка (33 степени), Малага во Шпанија (28 степени) и Атина во Грција (35 степени), пишува БиБиСи.