Актуелно

Захарова ја искоментира изјавата на Борељ: „Жителите на ЕУ веднаш го почувствуваа ефектот на антируските санкции“

Европските земји треба да бидат трпеливи за да го почувствуваат ефектот од антируските санкции, пишува во својот блог шефот на европската дипломатија Жосеп Борељ.

„Санкциите бараат стратешко трпение, бидејќи може да биде потребно долго време за да се постигне саканиот ефект“, рече политичарот.

Според него, забраната за испорака на високотехнолошки производи, вклучително и полупроводници, треба да има сериозно влијание врз руските компании кои произведуваат домашна електроника, компјутери, авиони, автомобили и воената индустрија.

Претседателот на уставниот комитет на Советот на Федерацијата, Андреј Клишас, коментирајќи ја изјавата на Борељ, предложи „едноставно да ја чекаат зимата“.

„Борељ советува да се почека ефектот од санкциите против Русија, нека почекаат, ќе почекаме до зима“, напиша сенаторот.

„Жителите на Европа веќе ги видоа ефектите од антируските санкции“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

На овој начин таа го коментираше повикот на шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ до земјите од ЕУ да бидат трпеливи додека не почнат да даваат ефект воведените ограничувања против Русија.

„Јозеф, многу жители на ЕУ веднаш го почувствуваа ефектот на антируските санкции. Жителите на Азија, Африка и други далечни региони, исто така, ги почувствуваа едностраните нелегитимни ограничувања наметнати на Русија од Вашингтон и Брисел“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа нагласи дека „Борељ тоа не го знае“.

На почеток