Свет

Ердоган на средба со Путин

Турскиот претседател Таип Ердоган ќе разговара со Владимир Путин за време на неговата посета на Иран, закажана за 18 и 19 јули, соопшти кабинетот на Ердоган.

„Претседателот ќе одржи билатерална средба со рускиот лидер“, се вели во соопштението.

На 19 јули во Техеран ќе се одржи состанок на Советот на високо ниво меѓу Турција и Иран, со кој ќе претседава Ердоган и иранскиот претседател Ибрахим Раиси.

Во соопштението за медиумите се посочува дека истиот ден во Техеран ќе се одржи Седмиот трилатерален самит во формат Астана, на кој ќе учествуваат претседателите на Турција, Русија и Иран.

Кремљ претходно потврди дека Путин ќе го посети Техеран на 19 јули, каде што ќе учествува на трилатерален самит со Ердоган и Раиси.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков најави дека ќе се одржи и средба меѓу Путин и Ердоган.

На почеток