Магазин

Воз чекаше 42 минути на семафор – причината е урнебесна

Возот од Сплит до Осиек пристигнал навреме пред станицата Свети Иван Жабно, застанал на семафор и чекал 42 минути.

Службеникот на железничката станица заспал. Се обиделе да му се јават на мобилен, но ништо. Шефот на станицата удирал по вратата додека диспечерот не се разбудил од сон и го пуштил возот да помине.

Возот стоел на семафор од 07:40 до 08:22 часот.

„Точно е дека застанал на влезниот сигнал на железничката станица Свети Иван Жабно. Со оглед на тоа што со сообраќајот управуваат вработени во ХЖ Инфраструктура, ве молиме насочете го вашето прашање за причините за запирањето до нив“, изјавија од станицата за хрватските медиуми.

„Причина за застојот е личен пропуст на диспечерот на возот на станицата Свети Иван Жабно. Поради наведеното, против работникот ќе биде поведена постапка согласно Правилникот за работни односи и Колективниот договор на ХЖ „Инфраструктура д.о.о.“. Работникот писмено ќе биде предупреден за пропустотт со можност за раскинување на договорот за вработување. Тој се упатува до Комисијата за отштета поради предизвиканото доцнење“, се вели во одговорот.

To Top