Магазин

Инстаграм нуди нова алатка

По пробниот период, Instagram сега постепено ја нуди алатката со поголем број можности за креирање содржини. Оваа можност беше воведена уште во јануари оваа година, но тогаш беше достапна за само десет креатори.

Годинава Instagram работеше на развивање на својата програма за претплата на креаторите кои сега можат да споделуваат објави само за претплатници. Reels и фотографиите ќе имаат виолетова значка со симбол на круна за да се истакнат. Адам Мозери, првиот човек на Инстаграм, истакна дека тоа е функцијата за која имал најмногу барања од креаторите во програмата, пренесува Engadget.

Нова е и опцијата за разговор за претплатниците. Креаторите можат да имаат групни разговори со најмногу 30 претплатници, што би требало да ги натера да поминуваат уште повеќе време на Инстаграм наместо на друга социјална мрежа. Групните разговори се овозможени од Messenger, а создавачите можат да ги започнат од пораките или Story. Претплатниците ќе имаат пристап и до почетната картичка на профилот на создавачот каде што ќе биде централизирана содржината со платежниот систем, вклучувајќи фотографии, Reels и Live архива.

WhatsApp тестира нова функција, која ќе ги воодушеви оние кои мразат да пишуваат пораки

Мозери вели дека десетици илјади креатори во САД сега имаат пристап до програмата за претплата, која им овозможува на фановите да плаќаат до 100 долари месечно за пристап до ексклузивна содржина.

На почеток