Македонија

(Фото) Девојчиња исмејувани и наведувани на лажен „Инстаграм“ профил: „Криви заби“, „многу акни“

Девојчиња од Македонија се најдоа на мета на лажен „Инстаграм“ профил. Читатели кои го испратија до нашата редакција, велат дека истиот предизвикал вознемиреност кај родители. Првите објави се пред пет часа, а според нашиот читател, едно од девојчињата кои ги препознал на профилот е од Гостивар. Неофицијална и непотврдена информација која беше споделена со нас е дека едно од девојчињата е и ќерка на судија.

Навредите се на лична основа, а најмногу од нив се однесуваат на нивниот изглед. Па така, меѓудругото на профилот (кој нема да го објавиме за да нема двојна виктимизација), на фотографиите од девојките стои: „многу акни, си бара прст во уста“, „криви заби, мора да е центар на внимание, се клешти на секоја слика“, „магарето од Шрек, можеш да пиеш кафе со нејзината неталентирана сестра“, „има што да се фати, дури премногу, татко и е месар па секој ден многу јаде од месото“.

На профилот засега има пет фотографии од девојчиња, го следат шест лица, а следи 64 лица. „Скопје1“ ќе упати прашања до МВР дали до нив стигнала пријава од евентуалните жртви на овие навредувачки коментари.

На почеток