Коментари

„Информации собрани еден тон, ние сме на 0“ – 20 дена го нема Миле Тодоров

Александар Најдов, дел навивачката група Винари, вели дека 20 дена, Миле Тодоров го нема ни под дрво ни под камен. Оваа објава на респодели сестрата на исчезнатиот, Марија Атанасиевиќ.

Ти се губи човек на пат од 12км кој спојува два града, 20 дена со целосната истрага, пребарување на се живо и диво што би рекле, информации собрани еден тон, ние сме на 0, а Миле Скечо го нема ни под дрво ни под камен…Веќе по портали, вести слабо врте неговата слика, останаме уште ни екипата и неговите блиски да го споделуват да не се забораве ликот негов доколку некој негде го сретне, да знае дека уште очајно се бара…“, пишува Најдов.

Тој додава: „Не можиме да се лутиме и хејтаме некој, а да величиме друг во време кога очајно сите го бараме, легнуваме и се будиме и прво нешто шо правиме гледаме во телефонот дали стигнала некоја вест и дали братот се вратил дома жив и здрав…Во ситуација ваква како шо сме сите, во потрага у која е превртен цел крај у тиквешијата, само не ширите дезинформации и не отежнувајте со рекла-казала муабети и измислици, ако имате нешто шо е 100% сигурно споделите може да помогне многу, сите се надеваме и веруваме дека Миле ќе се врате…“, додаде Најдов.

Најдов на крајот посочува дека нема да се откажат се додека Тодоров не биде најден.

На почеток