Македонија

Прегазен пешак во Куманово

На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(22) од с.Опае, општина Липково, удрило во пешакот Т.Д.(91) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток